Двајца косовски Срби добија притвор поради вршење притисок за да се гласа за Српската листа

Основниот суд во Гњилане им одреди 30-дневен притвор на косовските Срби Ж.Д. и В.Б., кои обвинителството во тој град ги терети за вршење притисок врз гласачи на парламентарните избори што ќе се одржат в недела, на 6 октомври, да гласаат за партијата Српска Листа (СЛ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што е соопштено, три лица од српска националност ги пријавиле осомничените дека на 26 и 27 септември во континуитет вршеле пристисок врз в недела да ја поддржат и да гласаат за СЛ.

Со ова, според обвинителството, Ж.Д. и В.Б. извршиле кривично дело „повреда на слободната определба на гласачите”, кое се санкционира со Кривичниот закон на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот