Двајца каснати од кучиња скитници

Скопската полиција извести дека две лица вчера биле каснати од кучиња скитници.

Првиот инцидент се случил во скопската населба Капиштец. Околу 22 часот во полициската станица Центар, Р.О.(45) од Скопје пријавил дека на улицата „Васил Ѓоргов“ неговата малолетна внука била касната од куче скитник за левата рака.

Во истиот период во полициската станица во Гази Баба, Б.Б.(48) од скопската приградска населба Нова Колонија пријавил дека на улицата „Беровска“ бил каснат од куче скитник за левата потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот