Двајца индијци и двајца пакистанци​ вршеле разбојништво во близина на Табановце

Полиција / Фото: МВР

Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1,  а еден од нив и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе Предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

На 4 јуни 2021 година, околу 21,00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените  од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените  во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви.  Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби  на останатите, велејќи им  „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди.  ​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот