Двајца гостиварци пријавени за насилство врз жени

Насилство/ фото МИА

Еден гостиварец е задржан во полициска станица под сомнение дека физички ја нападнал сопругата, а друг за физички напад врз жена со која претходно бил во љубовна врска.

Според СВР Тетово, ноќеска околу 3:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л. (37) од Гостивар. Тој, еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По пријавата В.Л. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Физичко насилство врз жена е пријавено и во уште еден случај. Од СВР Тетово информираа дека вчера попладне во16:35 часот, гостиварката Ф.Е. (27) пријавила дека на улица „Мајор Чеде Филиповски” во Гостивар физички била нападната од Г.Н.(39) од гостиварско Чегране. Двајцата претходно биле во љубовна врска. Случајот целосно е расчистен и на Г.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот