Двајца фудбалери на Вардар пред преселба во Борац Бања Лука

Егзодусот од најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар, се очекува да продолжи и во наредниот период откако клубот речиси сигурно ќе остане без лиценца за настап во европските купови.
Неодамна од Вардар си заминаа Марио Младеновски и Али Адем, а сега пред заминување се и Филип Најдовски и Дарко Мицевски.

Двоецот на Вардар се наоѓа пред преселба во Борац Бања Лука, јавуваат медиумите во БиХ.
Според босанските медиуми, Борац е во потрага во играч од среден ред и изборот падна на двоецот на Вардар кој се очекува во најскоро време да започнат преговори.

Мицевски има меѓународно искуство, претходно настапуваше во Белорусија,Либан и Србија, додека Најдовски целата кариера ја помина во македонски екипи носејќи го дресот на Цементарница, Напредок, Тетекс и Победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот