Двајца фудбалери на Македонија ЃП позитивни на корона, четворица во изолација

фото: фк македонија ѓп

Коронавирусот се врати во македонскиот фудбал откако екипата на Македонија Ѓорче Петров потврди дека двајца нејзини играчи се позитивни на коронавирус, додека уште четворица се во изолација.

Фудбалерите претходно не полажувале симптоми на ковид-19 и моментно се наоѓаат во домашна изолација и се во добра здравствена состојба.
Поради позитивните случаи на коронавирус екипата одлучи да ги откаже пријателските натпревари против Работнички и Академија Пандев кои требаше да се играат наредната недела.

„Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови.
-ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни.
-Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија!
Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“, објави Македонија ЃП на својот официјална фејсбук страница.

Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра…

Publiée par ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 sur Vendredi 10 juillet 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот