Двајца фудбалери на Атлетико Мадрид позитивни на коронавирус

epa08525779 Atletico de Madrid's striker Diego Costa reacts during the Spanish LaLiga soccer match between Atletico de Madrid and RCD Mallorca at Wanda Metropolitano Stadium in Madrid, Spain, 03 July 2020. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Напаѓачот на мадридскиот тим, Диего Коста се заразил со коронавирус додека бил од одмор, додека вториот фудбалер кој е позитивен на ковид-19 е Сантијаго Ариас.

„Моментно двајцата фудбалери се изолирани, болеста е асимптоматска. Коста и Ариас ќе останат во самоизолација со што ќе се испочитуваат медицинските протоколи на Ла Лига и на шпанската валда. Играчите ќе се приклучат на тренинзите по завршувањето на карантинот“, соопшти Атлетико Мадрид.


Диего Коста во 2018 година од Челси се врати во Атлетико Мадрид и минатата сезона постигна пет гола и имаше четири асистенции на 23 натпревари во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот