Двајца бугарски работници се ставени во карантин во Битола

Битола/Фото: Архива на Слободен печат

Двајца Бугари кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврди денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

„Пациентите ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Тие немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор“, рече Филипче.

Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот