Двајца браќа од Северна Ирска осомничени за убиство на 39 луѓе во камионот на смртта во Англија

Британската полиција соопшти денеска дека трага по двајца браќа од Северна Ирска поради смртта на 39-те лица, чии тела беа пронајдени минатата недела во задниот дел на камионот во близина на Лондон.

Полицијата во Есекс соопшти дека Ронан Хјуз (40) и неговиот брат Кристофер Хјуз (34) од Арма се осомничени за убиство и трговија со луѓе, пренесува „Ројтерс“.

„Во моментот веруваме дека се во Северна Ирска, но тие се поврзани и со Република Ирска“, рече главниот инспектор Стјуарт Хупер и додаде дека е клучно за истрагата двајцата браќа да бидат пронајдени и испитани.

Возачот на камионот ладилник, Морис Робинсон, кој беше обвинет за смртта на 39 лица, беше сослушан во судот во понеделникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот