Двајца браќа обвинети за насилство врз жена во Гостивар

Profimedia семејно насилство
Партнерско насилство. / Фото: Profimedia

Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања. Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.​​

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело насилство.

На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото.

Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања. Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот