Двајца американски војници „убиени во акција“ во Авганистан

Двајца американски војници денеска биле „убиени во акција”, пренесуваат некои американски медиуми, повикувајќи се на извор во командата на мисијата на НАТО во Авганистан.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се истакнува дека од почетокот на годината во Авганистан загинале најмалку 14 војници на армијата на САД.

Изминатата недела во Авганистан се случија неколку терористички напади, а најмалку еден бил извршен од групата „Исламска држава”.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати досега истакна дека планира да ја заврши долготрајната американска воена кампања во земјата, која тој синоќа ја нарече „миротворска” и да склучи договор со Талибанското движење.

– Во секој случај, САД имаат намера да останат во Авганистан со значителни сили, претставници на разузнавачките служби, изјави претседателот Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот