Двајца американски војници се убиени, а шестмина се повредени во напад на авганистански војник

Фото: EPA-EFE/GHULAMULLAH HABIBI

Гувернерот на провинцијата Шах Махмуд Мејакли, во аудио порака изјави за медиумите дека во нападот се повредени и тројца авганистански војници.

Двајца американски војници се убиени, а шестмина се повредени во напад со митралез изведен од авганистански војник во источен Авганистан, соопшти американската војска.

– Според новите информации, едно лице во авганистанска униформа отвори оган од митралез врз заедничките американски и авганистански сили, рече денеска портпаролот на американските сили во Авганистан, Сони Легет.

Тој претходно потврди дека во нападот што се случил вчера во провинцијата Нангархар, тие војници биле мета на директен  оган.

Гувернерот на провинцијата Шах Махмуд Мејакли, во аудио порака изјави за медиумите дека во нападот се повредени и тројца авганистански војници.

Тој рече дека засега не е јасно дали станува збор за намерен инцидент предизвикан од лице кое се инфилтрирало во американските и авганистанските сили или за несреќа.

Портпаролот на американските сили, исто така изјави дека причината за нападот засега е непозната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот