Двајца вооружени разбојници ограбиле таксист

Апсење / Фото: МИА
Полициски службеници уапсиле двајца скопјани од Визбегово за кривично дело „разбојништво”, кои со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон. Против нив од страна на судија им била определена мерка притвор, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– На 27.01.2022 околу 06:15 часот во с.Визбегово, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории кај А.А.(29) и кај Б.Ќ.(30), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво”. Имено, кривичното дело двајцата го извршиле на 21.01.2022, при што со закана со нож и пиштол од таксист од Скопје одзеле пари и мобилен телефон. При претресите кај двете лица биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, посочуваат од МВР.
Лицата биле лишени од слобода, против нив е изготвен поднесок, а од страна на судија определена им била мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот