Двајца Турци со лажни британски визи се уапсени на охридскиот аеродром

Вчера во 13 часот на граничниот премин аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, при извршена пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи и британските визи на Ј.О. (31) и Ј.Ј. (23), двајцата од Република Турција, биле фалсификувани. Со нив бил извршен службен разговор и било утврдено дека визите ги набавиле преку турска агенција за што платиле повеќе од 500 фунти.

Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Криминал во подем: За пет минути ви го крадат катализаторот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот