Двајца скопски разбојници нападнале прилепчанка на улица и ја ограбиле

Фото: МИА

Двајца разбојници се уапсени минатата ноќ во Скопје, откако два часа претходно нападнале и ограбиле жена од Прилеп на булеварот „Гоце Делчев“, соопшти полицијата.

„На 07.10.2022 во 01.05 часот на бул.„ВМРО” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев” физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката“, велат од полицијата.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот