Двајца скопјани продавале дрога во Кавадарци

Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Велешката полиција вчера ги уапси С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, под сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

При извршен претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, пронајдени и одземени се таблети „екстази”,  марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот