Двajца повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Фото: Слободен печат/Архива

Две лица се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 21:10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на „Проевски мост”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(34), и патничко возило „тојота”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(53), двајцата од Куманово, информираше полицијата.

Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Увидна екипа од кумановската полиција извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот