Двајца повредени во две сообраќајки

Вчера на улицата „Благој Ѓорев”, пред трговски центар во Велес, возило „хјундаи” управувано од Т.М. (27) од Велес удрило во пешак З.К. (78). Во несреќата З.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. 

Истиот ден во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница”, камион „мерцедес спринтер”, управуван од Б.Т.(58) од струшкото село Загорчани, удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот