Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

автобуска несреќа во Бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/ Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои се хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а уште тројца од повредените во текот на денот ќе бидат транспортирани од Софија во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека еден од тројцата пациенти што треба да пристигнат е веќе тргнат, а останатите двајца ќе бидат транспортирани во попладневните часови и се очекува да стигнат вечерва.

– Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувсвутвува и оперираниопт пациент. Тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, изјави Филипче.

Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени и хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија.

Извор: МИА

Добри вести од болницата „Пирогов“: Оперираниот пациент од Македонија закрепнува и веќе се раздвижува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот