Двајца од пациентите кои го преживеаја пожарот во Тетово сѐ уште се во болница

Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Само двајца од преживеаните пациенти во модуларната болница во Тетово сѐ уште се лекуваат во болница, додека другите десет се пуштени дома, пишува локалниот портал Глас.мк.

Се работи за пациенти сместени во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово, со пост-ковид симптоми, информираат лекарите.

Во пожарот на 8 септември загинаа 14 луѓе, а 12 пациенти беа повредени.

Тетово пожар
Увид по пожарот во тетовската модуларна болница / Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Инаку, состојбата со вирусот во тетовско од ден на ден се стабилизира. Голем дел од хоспитализираните се невакцинирани, има и такви со примени две дози вакцини, но со полесни симптоми, затоа од болницата со уште еден апел процесот на имунизација во тетовско да продолкжи со уште позасилено темпо.

Видео на денот