Двајца насилници натепале вработен во продажен објект кај арената „Тоше Проески“

Апсење /Фото: Профимедиа

Две лица се приведени откако влегле во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ и натепале еден од вработените.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески” физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје“, информираат од МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот