Полиција / фото: илустрација

Двајца млади арачиновци ќе одговараат за убиство во обид, изрешетале жител на Скопје

17-годишен и 20-годишен жител на скопското село Арачиново добија кривична пријава за обид за убиство откако во нивното село пукале во жител на Скопје и тешко го повредиле, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 – годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот