Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот ковид-центар

Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен.

Во текот на денот, се очекува раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.

Штипскиот ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот ковид-центар има шест слободни болнички кревети.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот