Двајца мажи и две жени признале дека го каменувале македонскиот културен центар во Благоевград

Фото: МИА

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин на каменувањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Тие, како што пишуваат бугарските медиуми, го признале делото за кое се товарат.

Приведените, како што пренесуваат бугарските медиуми, се на возраст од околу 40 години и немаат криминално досие.

Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари, по одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот