Двајца мажи и дете повредени во сообраќајки

Сообраќај / фото МИА

На 22.05.2022  во СВР Тетово е пријавено дека на булевар „Маршал Тито“, возило „сеат” управуван од М.И.(44) од село Рогле, тетовско, удрило во С.Ј.(71) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Клинички центар – Тетово.

Истиот ден во скопското село Кондово, возило „опел зафира”  управувано од М.Ф.(52) од село Радуша, удрило во малолетник од Кондово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка ТерезаСкопје, а во Струга пак на улицата „Владо Малески” возило „фиат” управувано од Р.В.(21) од Велешта, струшко, удрило во Љ.Н.(72) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирана во Општата болница во Струга.

Еден загинат во стратотна сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот