Двајца малолетници извршиле десет кражби во Кочани

Фото: mia.mk

Двајца малолетници извршиле десет кражби на подрачјето на Кочани.

Од МВР информираат дека вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кочани и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти.

-Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29 јули годинава сториле 10 кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа седум дела „тешка кражба на дрзок начин”, едно дело „тешка кражба во обид” и две кривични дела „кражба”. При извршените службени разговори тие и ги појасниле делата – велат од полицијата.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот