Двајца луѓе попладнево се изгубиле под Пелистер, во тек е голема потрага

Врвот Неолица над Битола / фото:Википедија

Двајца луѓе попладнево се изгубиле околу врвот Неолица над Битола, по што телефонски пријавиле во битолската полиција дека се дезориентирани во просторот и дека залутале далеку од пешачката патека.

Полицајци и екипи на Центарот за управување со кризи, Горската служба и Дирекцијата за заштита и спасување започнале потрага по изгубените.

Тимови за потрага и спасување се излезени на терен, воспоставен е телефонски контакт со изгубените лица и добиени се информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати им се комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата е објавена пред околу еден час, информираат надлежните, кои додаваат дека без оглед на неможноста за контакт со изгубените лица, потрагата трае.

Центарот за управување со кризи останува и понатаму во комуникација со тимовите вклучени во потрагата, како и СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот