Двајца кумановци тепале сограѓанин, му ја прегазиле ногата со возило

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Двајца кумановци се осомничени дека на нива во близина на градот, нападнале сограѓанин, а едниот од нив со возилото му ја прегазил ногата на нападнатиот, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(51) и Б.Т.(47), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.02.2023 на место викано „Маркова нива“, пријавените започнале физичка пресметка со П.Т., по што Н.С. со неговото возило му ја прегазил ногата на П.Т., нанесувајќи му тешка телесна повреда“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот