Двајца крадци признале дека ограбиле објект во Скопје

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 13.10 часот во полициската станица Аеродром биле повикани И.И. (29) и С.А. (28), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 18 минатиот месец одзеле повеќе предмети од објект во изградба на улица „Фрањо Клуз” во Скопје.

Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот