Двајца италијански разузнавачи меѓу загинатите во бродската несреќа во езерото Маџоре

Бродска несреќа кај езерото Маџоре / Фото EPA-EFE/PURICELLI

Двајца италијански разузнавачи и пензиониран припадник на израелските безбедносни сили се меѓу четирите жртви на несреќата со брод во неделата на езерото Маџоре во северна Италија, соопштија локалните власти, пренесува „Би-Би-Си“.

Тие ги именувале Италијанците како Клаудио Алонзи (62) и Тизијана Барноби (53). Израелецот бил идентификуван како Шимони Ерез (50). Загинала и Ања Божкова, 50-годишната Русинка, сопруга на капетанот на бродот.

Бродот со повеќе од 20 туристи и екипаж потонал како последица на силниот ветер. Според италијанските медиуми, чамецот превезувал околу 25 луѓе кои славеле роденден кога над езерото се развило невреме, кое подоцна се претворило во „мал ураган“.

Бродот долг 16 метри се превртел и потонал во неделата вечерта меѓу градовите Сесто Календе и Арона. Сите од бродот завршиле во водата, но многу од патниците испливале на брегот или биле спасени од други чамци.

Спасувачките нуркачи се обиделе да помогнат во потрагата на јужниот крај на езерото, а неколку возила на брзата помош и воздухопловната брза помош присуствувале на местото на настанот.

Езерото Маџоре – на јужната страна на Алпите – го делат Италија и Швајцарија и е популарна дестинација за туристите. Во областа неодамна било забележано лошо време, а метеоролошката служба на Италија издаде предупредување за грмотевици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот