Дваесет отсто од населението на Стокхолм веќе има имунитет

Либералниот пристап, според епидемиологот Тегел, ќе и помогне на Шведска да се справи со вториот бран подобро од другите земји.

Главниот епидемиолог од Шведска вели дека до 20 отсто од населението на Стокхолм веќе е имун на коронавирусот, објави Дејли Мејл.

Во интервју за Би-Би-Си радио 4, Андерс Тегел ги бранеше мерките преземени од Шведска за борба против коронавирусот. Скандинавската земја, за разлика од другите западни земји, не го блокира животот во земјата.

Либералниот пристап, според епидемиологот Тегел, ќе и помогне на Шведска да се справи со вториот бран подобро од другите земји.

Шведскиот експерт за здравство рече дека блокирањето на државата нема никаква смисла бидејќи 50 отсто од починатите од ковид-19 во Шведска се во старечки домови каде посетите веќе се забранети.

Андерс Тегнел вели дека шведските граѓани ќе се справат подобро од другите со вториот очекуван бран на коронавирусот затоа што веќе имаат имунитет. По број на заразени Шведска е далеку од другите европски земји како што се Италија, Шпанија, Франција, Белгија и Холандија.

Андерс Тегнел изјави дека Шведска го поминала врвот на инфекцијата пред една недела. Според него, до 20 отсто од популацијата на Стокхолм е веќе имуна.

Рестораните, баровите и училиштата остануваат отворени, а на граѓаните им се советува само да држат социјална дистанца и почесто да ги мијат рацете. Сепак, економските предвидувања не се добри.

Намалувањето на шведската економија може да биде најлошата рецесија по Втората светска војна, владините прогнози покажаа денес дека намалувањето на бруто домашниот производ може да достигне 10 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот