Дваесет и шест години дипломатски односи со САД

Фото: МИА

САД и Северна Македонија, со меѓусебната почит како стратешки партнери, се посветени на заедничките заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот.

Ова денеска на Фејсбук го објави премиерот Зоран Заев потсетувајќи дека на 13 септември 1995, тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон ја објави коресподенцијата со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров со која се потврдува одлуката на САД за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, само две години по отворањето на Канцеларијата за врски на Америка во Скопје.

– Со нашето полноправно членство во НАТО, пријателството со САД доби нова димензија во зајакнувањето на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет на Република Северна Македонија и во целиот регион, пишува Заев на Фејсбук.

Според него, громна е поддршката на САД и преку донациите доделени преку различните проекти и програми на УСАИД во Северна Македонија. Таа поддршка, додава Заев, ја покажува длабоката почит на САД за Северна Македонија, која за нас е исклучително важна и во спроведувањето на нашата агенда за реформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот