Дваесет години затвор за човекот кој со камен брутално претепа и задави 13-годишно момче

Фото: Принтскрин/Duklja - Zeta - Crna Gora

Црногорскиот Апелационен суд ја потврди пресудата од 20 години затвор за Синан Имери (20), бегалец од Косово, со живеалиште во Беране, кој беше обвинет за тешко убиство на тринаесетгодишното момче М.Б., пренесува српски „Курир“.

Бруталното убиство се случи минатата година во околината на градот Беране. Првенствено, родителите на 13-годишното момче пријавија дека тоа е исчезнато на 14 октомври, а неговата мајка им кажала на надлежните дека тој тогаш околу 13 часот го напуштил својот дом во непознат правец.

Поради тоа што станува збор за семејство кое пребегало од Косово и која се населило во Беране, во следните денови се организирани масовни потраги за момчето, во кое учествувале и други бегалци.

Тие детално го разгледувале брегот на реката Лим, каде е и пронајдено момчето. Неговото безживотно тело е пронајдено два дена подоцна, во 11 часот наутро, веднаш до речниот брег. Имало видливи повреди на телото и кошула која била врзана околу неговиот врат. Облеката на момчето е пронајдена на брегот, сува и расфрлена. Веднаш било јасно дека станува збор за убиство, а сомненијата ги потврдил и таткото на детето.

Со камен го удирал по глава, па го задавил со кошула

Непосредно по пронаѓањето на телото, во Беране е уапсен Синан Имери, тогаш 19-годишен, кој последен бил виден со убиеното момче. Надлежните се сомневале дека на денот на убиството, тој првенствено со камен го удирал по главата, а потоа го задавил со кошула.

Дека смртта настанала поради давење со притисок околу вратот потврдила и обдукцијата, а Имери во меѓувреме го признал делото.

За време на донесувањето на првостепената пресуда, судот ги проценил мотивите поради кој обвинетиот го извршил, како и околностите за време на убиството. На страна на обвинетиот било тоа што се работи за младо лице кое досега не е осудувано, како и дека го признал извршувањето на делото. Од друга страна, отежителните околности за обвинетитот биле тоа што тој убил малолетник од 13 години, како тоа што жртвата на ниту еден начин не придонела да настанувањето на последици. Дополнително, тука е и фактот што станува збор за едно од најтешките кривични дела.

За ова кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

Намалена пресметливост

– Судот не можеше да изрече построга казна во конкретниот случај бидејќи обвинетиот Имери, во времето на извршување на кривичното дело имал 19 години и неговата пресметливост значително била намалена, но како таква не ја исклучува вината – стои во образложението на пресудата.

Го убил поради орален секс

Додека Синан Имери во своето признание детално објаснил што претходело на убиството, тој пред судот раскажал дека момчето сакало да имаат орален сексуален однос.

– Го направив тоа, а не бев свесен поради што. Му бев многу лут. Ме изнервира. Бараше нешто од мене што не можев да го направам. Еднаш му дозволив, а тој сакаше уште еднаш. Поради таквото инсистирање, зграбив една стара кошула и му ја стегнав околу вратот. Потоа го фрлив во брановите на Лима. Видов како тоне, и потоа се оддалечив.

Тој тврди дека момчето од него барало да имаат орален сексуален однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот