Два ЗЕМЈОТРЕСИ со иста јачина го погодија Истанбул

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди денеска југозападниот дел на Истанбул. По него имало и втор земјотрес со иста јачина.

Првиот земјотрес во 11 часот е регистриран на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот во реонот на Силиври, исто така во Мраморното Море.

Засега нема извештаи за загинати или материјална штета.

Само неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 5,7 степени беше регистриран на 130 километри јужно од грчкиот остров Крит во Средоземното Море. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот