„Два во еден“, Академија Пандев со пресврт се врати на врвот

Академија Пандев до победата дојде во финишот /Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Се одигра дербито на четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев со 2:1 славеше дома против Ренова.

„Гипсарите“ водеа после првото полувреме со погодокот на Јусуфи реализиран во 24 минута од средбата на стадионот „Младост“ во Струмица.

„Пандевци“ направија целосен пресврт во второто полувреме, најпрвин за израмнување се погрижи Стојчевски во 49 минута. А во 56 минута Велиновски се погрижи за потврда на третата победа по ред во шампионатот.

На табелата после четири кола со 10 бодови на првата позиција е Академија Пандев со 10 бодови, два повеќе од Струга Трим Лум.

По седум имаат Ренова, Шкупи и Работнички, шест Македонија ЃП, по пет Шкендија и Скопје, по четири Брегалница Штип и Борец, еден Тиквеш, а сеуште без бод е Пелистер.

Струга Трим Лум е изненадувањето во Првата лига, прв триумф за Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот