Два угостителски објекта во Велешта работеле по 18 часот

Два угостителски објекти во селото Велешта не ги почитувале мерките за работното време до 18 часот, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат при контрола со Струшката полиција.

СВР Охрид, соопшти дека акцијата се реализирала на 25 овој месец во периодот од 21 до 24 часот во струшкото село Велешта во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

– При контроли во угостителски објекти во струшкото село Велешта, во врска со донесените рестриктивни мерки од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти, констатирано е дека два угостителски објекти, не ги почитувале мерките и продолжиле со работа и примале гости, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Двата објекти, додаде, веднаш биле затворени од ДПИ, а две лица-сопственици на објектите, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот