ДВА ТРИКА ЗА ВРЕЛИТЕ ДЕНОВИ: Еве како обичниот вентилатор да го претворите во МОЌЕН КЛИМА УРЕД!

Profimedia

Иако повеќето луѓе во овие врели денови денес спасот од жештините го бараат во клима уредот, постојат и оние кои, од било кои причини, не користат клима и исклучиво се ладат со помош на вентилатор.

Ако и вие спаѓате во групата на оние кои избегнуваат клима уред, а сакаат да се разладат, ви нудиме одлично решение. Постојат два едноставни трика кои од обичен, скромен вентилатор, ќе ви помогнат да направите моќен клима уред.

КОЦКИ МРАЗ

Се што треба да направите е пред вентилаторот да ставите широк но плиток сад и да го наполните со коцки мраз. Намесете го вентилаторот така што ќе дува директно во садот со мраз, бидејќи само така ќе добиете свеж воздух. Ова можете да го направите и со пластични шишиња кои сте ги наполниле со вода и сте ги замрзнале, и тоа ќе ви биде позгодно бидејќи побавно ќе се топи од коцките мраз.

Profimedia

МРАЗ ВО ПЕШКИР

Мразот или шишето со заледена вода можете да го замотате во пешкир, краевите врзете ги во јазол, па ставете го меѓу две столици и повторно поставете го пред вентилаторот. Само внимавајте под оваа инсталација да поставите и сад кој ќе ја собира водата што капе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот