Два симптома на коронавирус што се јавуваат кај децата

илустрација/Profimedia

Лекарите дефинираа список на симптоми на коронавирусот кај децата, кој вклучува висока температура, нова, упорна кашлица и губење или промени во сетилата за вкус и мирис. Сепак, истражувањето на британските научници од Универзитетот во Белфаст покажа дека дигестивните проблеми се главниот симптом на овој вирус кај децата, односно нервозниот желудник.

Проливот и повраќањето беа попрецизен индикатор отколку, на пример, кашлањето, па дури и промените во сетилата за вкус и мирис – објаснува Том Вотерфилд, автор на студијата.

Научникот исто така истакнал и дека со помош на досега препознаените симптоми на инфекцијата со коронавирусот, заразата може прецизно да се утврди во 76 отсто од случаите на симптоматски деца, но кога ќе се додадат и проблемите со варењето, тогаш сигурноста на дијагнозата се качува до 97 отсто.

Студијата опфатила 990 деца на здравствени работници. Научниот тим открил дека 68 деца имале антитела на коронавирусот и дека ја прележале оваа болест. Сепак, само половина од нив имале симптоми на ковид-19 и ја преболеле болеста.

Некои симптоми биле вообичаени: 31 отсто имале температура, 18 отсто главоболка, 19 отсто желудочни проблеми, дијареја, повраќање и грчеви. Кај децата што немале антитела, овие симптоми се појавиле во три отсто од случаите.

Губењето на апетитот е јасен симптом

Другиот тим истражувачи од Лондон спровел студија на 250.000 деца и резултатите се поклопиле со претходното истражување. Сепак, оваа студија утврдила дека губењето на апетитот е многу попрецизен симптом на коронавирусот отколку кашлицата, која е почеста кај возрасните.

Губењето на апетитот, кое е често и кај обичните вируси, е особено изразено кај децата, покрај проблемите со желудникот – објаснуваат научниците во студијата.

Затоа фокусот на родителите мора да биде насочен кон следењето на проблемите со варењето и губењето на апетитот кај децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот