23 C
Скопје

Два позитивни случаи на ковид-19 во кошаркарскиот клуб Куманово

Поради забележани два позитивни случаи на коронавирус во редовите на Куманово 2009, дуелот со ТФТ ќе се игра во друг термин. Натпреварот помеѓу екипите на ТФТ и на Куманово 2009 во рамките од БИБЛ лигата, кој требаше да се одигра вечерва со почетокот од 19 часот во Скопје е одложен.

Менаџментот на БИБЛ лигата добил информација за два позитивни случаи на присуство на ковид-19 вирусот во редовите на гостинската екипа, по што е одлучено овој меч да биде одложен.

Во наредните денови, локалните здравствени авторитети во нашата земја ќе треба да дадат информација околу тоа колку денови кумановци ќе мора да поминат во карантин-самоизолација.

Врз основа на таа информација ќе се пристапи кон реализација на нов термин за одигрување на македонското дерби во оваа конкуренција, втор меч од почетокот на новата сезоан во БИБЛ лигата.

На првиот натпревар одигран во Куманово, славеше домашната екипа со резултат (90:83).

Поврзани вести

ВИДЕО: Супер гол на Андонова против Еспањол и го прослави во стилот на Роналдо!

Слободен печат

ВИДЕО: Пандев стартер на „Луиџи Ферарис“, Сасуоло е пред Рома!

Слободен печат

Георгиевски: Одиме во Токио, живеам за олимписки медал!

Слободен печат

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Остави Коментар