Два пожара во штипско-карбинскиот регион

Во штипско-карбинскиот регион по жетвените активности интензивно се палат стрништата. Секторот за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирал два пожара, од кои едниот е покрај регионалниот пат Штип – Плачковица во атарот на селото Нов Карорман.

Во поранешен блок на краварска фарма, настанал пожар во кој било опожарено стрниште и нискостеблести растенија. Противпожарната единица интевенирала и го изгаснала пожарот.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, информираше дека вториот пожар бил вчера во 14.40 часот. Пожарот бил пријавен во кочанското село Бели, на место викано Побиен камен, каде што била зафатена борова шума и сува трева.

Во 19.30 часот екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани го локализирале пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот