Два порази на ракометните надежи на Медитеранските игри

Младата ракометна репрезентација до 18 години доживеа два порази на Медитеранските Игри кои се одржуваат во Атина, губејќи во дуелите со Тунис и со Хрватска.

Кадетите во првиот натпревар против Тунис загубија со 19:17 иако ја добија првата третина со 7:6. Но потоа дозволија противникот да направи целосен пресврт, прво во втората третина Тунис беше подобар со 6:8, а во последната третина славеа со 5:4.

Во вториот натпревар, Македонија е поразена од Хрватска со 18:21, а сите три третини завршија со идентични 6:7.

Во последните две кола од групата Б, Македонија ќе игра против Турција и со Црна Гора, со минимални шанси за пласман во следната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот