„Два од два“ за јуниорите на ЕП: Совладана и Украина!
На шампионатот кој што се одржува во Орадеа (Романија), денеска нашите кошаркарски надежи славеа против селекцијата на Украина со резултат 73:71.
Прв стрелец беше Андреј Јакимовски со 21 поен и 11 скокови, следен од Лејсон Зекири со 12 поени (седум скокови).
На спротивната страна 21 поен и 16 скокови забележа Максим Шулга, зад него беше Олександр Коволар (19 поени, шест скокови).
Ова е втора победа по ред за „црвено-жолтите“, откако на стартот беше совладана репрезентацијата на Ирска (74:60).
Во третото коло од групата Б избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе ги одмерат силите в недела против Грузија од 17.30 часот. Па, по еден ден за одмор ќе се пресметаме со Словачка (13:00). Натпреварите од групната фаза ќе ги завршиме в среда против Данска (19:45).