„Два од два“ за јуниорите на ЕП: Совладана и Украина!

принтскрин/Youtube/FIBA

На шампионатот кој што се одржува во Орадеа (Романија), денеска нашите кошаркарски надежи славеа против селекцијата на Украина со резултат 73:71.

Прв стрелец беше Андреј Јакимовски со 21 поен и 11 скокови, следен од Лејсон Зекири со 12 поени (седум скокови).

На спротивната страна 21 поен и 16 скокови забележа Максим Шулга, зад него беше Олександр Коволар (19 поени, шест скокови).

Ова е втора победа по ред за „црвено-жолтите“, откако на стартот беше совладана репрезентацијата на Ирска (74:60).

Во третото коло од групата Б избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе ги одмерат силите в недела против Грузија од 17.30 часот. Па, по еден ден за одмор ќе се пресметаме со Словачка (13:00). Натпреварите од групната фаза ќе ги завршиме в среда против Данска (19:45).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот