„Два од два“ за Барса и Химки во Евролигата! (ВИДЕО)

euroleague.net

Барселона и вторпат по ред славеше на гостински терен. После Анадолу Ефес, каталонскиот состав триумфираше убедливо против Зенит со 63:87.

Русите добро го отворија мечот и изгледаше дека би можеле на крајот да дојдат до победата, но потоа во целост „исчезнаа“ во последните 10 минути, кога Барса со 28:7 го реши прашањето на победникот.


Кајл Кјурик со 24 поени беше прв стрелец во победничките редови, следен од Никола Миротиќ со 17 поени и 10 скокови, додека Виктор Клавер уфрли 12 поени.

Единствен „двоцифрен“ кај Зенит беше Воронов со 10 поени. Химки во Москва беше подобар од Басконија со 79:76, остварувајќи го така и вториот триумф во два меча од Евролигата.

Алексеј Швед реализираше 21 поени во тимот на Химки, а на спротивната страна „дабл-дабл“ учинок имаше Шенгелиа.

Евролига, 2 коло

Петок, резултати –

Химки-Баскониа 79:76
Зенит Петерсбург-Барселона 63:87
Анадолу Ефес-Алба Берлин 106:105, 95:95 (по 1. продолжение)
Олимпијакос-Валенсија 89:63
Олимпиа Милано-Жалгирис Каунас 85:81

Моментно на табелата по две максимални победи имаат екипите на ЦСКА Москва, Барселона, Лион-Вилербан, Химки и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот