Два нови земјотреси регистрирани утринава во Јадранско море

Два земјотреси со сила од три и 2,3 степени се регистрирани утринава во Јадранско море, во близина на островот Вис.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, првиот земјотрес се случил во 4.46 часот, а силата изнесувала три степени.

Длабочината е проценета на 10 километри, а епицентарот бил на 118 километри јужно од Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

Другиот потрес е регистриран во 6.35 часот, а силата изнесувала 2.3 степени. Длабочината била на 20 километри, а епицентарот бил на 43 километри јужно од Вис и 97 километри јужно од Сплит.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот