Два нови смртни случаи на доктори заразени од коронавирус во Франција

Двајца доктори од Горна-Рајна и Мозел починаа во неделата од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

Според клиниката „Дијаконат” во Мулуз (Горна рајна), Жан-Мари Боегл, 66-годишен акушер-гинеколог, починал „како резултат” на Ковид-19.

Во Мозел, Силван Велинг, 60-годишен лекар по општа медицина, почина во болницата Сен Аволд каде што беше примен во средата заради „респираторни проблеми”, рече Жилбер Вебер, градоначалник на комуната.

Вчера беше објавено дека во саботата почина и докторот ургентист Жан-Марк Разафиндранзи, 67 години во Компиењ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот