Два нови случаja на ковид-19 во детска градинка во Делчево: Две негувателки позитивни, во изолација одат и 10 деца

Фото: ЕПА
Два нови случаја на ковид-19 се регистрирани во детската градинка „Весели Цветови” во Делчево. Според информациите од градинката, станува збор за две негувателки од објект број 1. кој работи во состав на установата.
-Поради двата нови случаи со претходно изготвено решение, 10 деца и пет други вработени ќе бидат во изолација, а притоа овој објект ќе биде затворен седум дена. Што се однеува до дечињата, вкупно 18 деца се опфатени со мерката за самоизолација, информираа од градинката.
Од претходно во ,,Весели цветови” има уште тројца позитивни на вирусот, кои, како што додадоа од градинката, сè уште не се вратени на работа.
 – Станува збор за вработени во oбјектот број 2, кои сè уште не се вратени на работа, бидејки немаат потврда за негативен тест. Поради контакти со тројцата вработени, имавме и група од 12 деца и уште двајца вработени на кои им помина изолацијата, додадоа од градинката.
Оттаму истакнаа дека градинката, во меѓувреме, продолжува доследно да ги спроведува мерките за заштита од заразата, преку почитување на сите протоколи за заштита од ковид-19. Како дел од тие мерки, извршена е дезинфекција во установата, а во насока на следење на насоките за заштита, продолжуваат и редовните комуникации со санитарниот здравствен инспектор и епидемиологот во Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот