Два нови случаја на каснување од кучиња скитници во Скопје

куче

Во Дневниот билтен на МВР се евидентирани два нови случаја на каснување од куче скитник и тоа еден во Драчево и еден во Гази Баба.

На 17.05.2019 година во 06.40 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ѓ.(75) од Скопје пријавил дека истиот ден на ул. „Румена Хаџипанзова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 17.05.2019 година во 18.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Ќ.Т.(83) од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 20.00 часот на ул. „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот