Два нови случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 88 заразени

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК)  објави дека од извршените испитувања во текот на минатиот ден, двајца испитаници резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот коронвирус во земјата достигна до 88, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете лица, кај кои вчера е потврдено присуството на вирусот, според соопштението на ИШПК, се заразени од контакти со лица, кај кои претходно биле дијагностициран новиот коронавирус. Еден од новите случаи е жител на Приштина, а другиот од Ѓаковица.

Во текот на вчерашниот ден во Лабориторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се испитани 108 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од новиот вирус, со што вкупната бројка на испитаници од 8 февруари до синоќа изнесува 991.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот