Два нови случаи на коронавирус во Вардар

фото: РК Вардар

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони, Вардар 1961, објави дека уште два члена на првиот тим се позитивни на коронавирус. „Црвено-црните“ во последните денови направија нови тестови на коронавирус откако екипата минатата среда не го одигра натпреварот од ЛШ против ПСЖ токму поради позитивни случаи на коронавирус.

ЛШ: Коронавирусот го одложи натпреварот Вардар-ПСЖ

Од клубот истакнуваат дека заразените немале контакт со останатите од клубот.

„Во следниот период Вардар 1961 ќе се подготвува за два дуели со Кјелце во рамките од ЕХФ лигата на шампионите, а од денеска тимот е повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“. Во тимот недостасуваат играчите кои се со своите репрезентации, и вкупно седум ракометари ќе настапат во рамките од ЕХФ неделата. Пред почетокот на тренирањето направени се тестирања. При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат. Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот. Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот“, стои во објавата на РК Вардар 1961 на официјалниот сајт на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот